Ексклузивна можност да ѕирнете во студиото каде што нашите познати пејачи Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно славејче работат на возобновување на „Небо и земја“ - стара словенска коледарска песна, со традиција да се пее во битолскиот крај до пред 30 години. Оваа песна се' уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија, а отсега и во Македонија. Деновиве се работи и на видео спотот за истата, што ќе биде промовиран веднаш по Нова Година, како најубава Божикна честитка од пејачите до својот народ. „Небо и земја" е стара словенска коледарска песна, која до денес се задржала во помнењето на старите битолчани, како песна што се пеела и на Бадник и на Божик.Оваа песна се' уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија. Можно е оваа песна да се пренела во руските земји токму од овде, од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија, а со тоа усвоиле и гол